ГИНЕКОЛОГИЈА СЕ РАСПАЃА: Сметката е блокирана – се бараат донации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сметката на Клиниката за гинекологија е повторно блокирана за 410 000 евра кои установата морала да ги исплати по основ на тужбени барања од семејства кои во 2008 година ја тужеле клиниката. Станува збор за тужби поради дијагноза, ретинопатија која не била навреме откриена кај нивните бебиња поради што децата останале со трајно слепило. Овие тужби се од периодот кога на Гинекологија немаше протокол според кој очни лекари треба да доаѓаат и да ги прегледуваат предвреме родените бебиња. Многу деца настрадаа во период од тие неколку  години.

„Сметката е блокирана од понеделник и тоа за тужби од 2008 година. Моравме да исплатиме за две тужби одеднаш, едната е во висина од 160 000 евра, а другата изнесува 250 000 евра“, изјави за НОВА Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Во исто време Клиниката, која од самиот почеток на градба ја следат небулози ( се штедеше на материјал, се вградуваа евтини прозорци и други материјали, системот за вентилација е во катастрофална состојба, се носеа стари кревети и опрема) отвори броеви за донации во рамки на кампањата„ Сите ние пријатели на бебињата, биди и ти“, која предизвика реакции на социјалните мрежи и во јавноста.

Коментарите се во насока дека не е етички да се бараат пари од граѓаните за јавна здравствена установа за која треба да се грижи државата, а истата има и сопствен буџет. Луѓето се прашуваат како на сето ова ќе реагираат трудниците кои треба да одат да се породат, дали тоа ќе внесе страв и несигурност кај нив. Во ситуација кога се собираат донации за лекување на деца во странство кампањата за собирање на донации на Гинекологија предизвика негативни реакции.

Директорката Викторија Јовановска вели дека кампањата е насочена пред се за големите компании да помогнат на мајките и децата за да имаат пристојни услови при престој на клиниката. Но, со отварањето на броеви за донации излезе дека граѓаните треба да донираат за да се подобрат условите на клиниката.

„ Донациите требаше да бидат во насока големите компании да донираат во опрема, не во пари. Но излезе како што излезе. Во изминатиот период ние купивме душеци, кревети добивме од Јапонска амбасада, а цело одделение беше опремено од Скопска пивара кај што се најтешките случаи“, рече Јовановска.

Таа потенцира дека Гинекологија буквално се распаѓа иако зградата е стара само пет години. Во некои простории мора да се стави нов под, некаде да се реновираат цели одделенија.

Ова се душеци на кои до скоро лежеа родилките. Тие се стари и искинати полни со болнички бактерии, а беа донесени од старата зграда на Гинекологија при селењето.  Тогаш не беше набавен нов инвентар и кревети, а апаратите во лабораторијата се уште се наредни на стари училишни клупи.

Овие душеци се чуваат во подрумските простории додека не се најде начин каде да се фрлат.

Директорката Јовановска рече дека секоја помош од државата и од приватните компании е добредојдена и дека е свесна дека начинот на собирање на донации преку мобилните оператори не е најсоодветен.

Јовановска најави дека веќе има позитивни сигнали од неколку компании кои најавиле дека ќе помогнат во опремувањето на клиниката, дека ќе успеат да го поправат  подот кој во некои оддели се распаѓа, ќе се реновираат цели простории, а мајките и бебињата ќе имаат услови за нормален престој на клиниката.

Извор: Нова

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This