ГИ ВОЗEBТЕ КАКО KOMПИРИ, СО COЛЗИ ВО ОЧИТЕ ГЛАСАА ЗА СЕВЕРНА: Милошоски сам пpoтив сите, прашува вака ли се гласа по сопствено убедување?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секој да гласа по сопствено убедување. 16 часа пратеникот Љубен Арнаудов гои држеа со лисици на раце, без да му биде одземен пратенички имунитет. Тоа беше правната држава. Ги приведуваа пратениците од дома со лисици на раце спротивно на законот за да гласаат по сопствено убедување?, изјави на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на собраниската седница за Законот за Јавно обвинителство.

“Дента кога се менуваше уставот тука со солзи во очите кога дојдоа пребледени и со уште жигови од лисиците? Тоа е гласање по сопствено убедување? Кога ги малтретираа луѓето, ги возеа како компири, им се закануваа дека ќе лежат затвор 15 години, тоа не е гласање по сопствено убедување.“ потенцираше Милошоски.

Антонијо Милошоски истакна дека пратениците кои што ги донесоа од притвор гласаа под уцена и притисок, за да не лежат во затвор.

„Тие ги нарекуваа терористи, . Крсто Мукоски кога збореше СДСМ излегуваше од сала, а сега СДСМ му аплаудира. Нека е честита коалицијата на СДСМ со Крсто Мукоски“ нагласи Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This