ГИ ДОБИ И НУКЛЕАРНИТЕ ШИФРИ:Што сè направи претседателот Трамп викендов

Поврзано

- Advertisement -
Првиот викенд на претседателот Трамп се одвиваше на истиот начин на кој тој често функционираше за време на неговата кампања: со гневни твитер-пораки, познатата опсесија со навредите и серија различни, а понекогаш и невистинити изјави, сето тоа на крај проследено со обиди за поправање на штетата. Проблемот е во тоа што сето она што функционира на патот кон Белата куќа, престанува да функционира кога веќе ќе влезете во неа, вели Њујорк тајмс.
mkd-304267
- Advertisement -

Поголем дел од првиот викенд на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа беше обележан со критики од Трамп и прес-секретарот Шон Спајсер за медиумското известување за големината на толпата на неговата инаугурација. Но новата администрација, исто така, воведе и промени во политиката, кои ќе имаат многу подолгорочно значење.

Си-ен-ен дава листа на активностите на администрацијата на Трамп во првите 48 часа:

1. Го презеде водењето на целата федерална влада.

2. Издаде извршна наредба за укинување на Законот на поранешниот претседател Барак Обама за достапна нега, популарно познат како Обамакер.

3. Го прекина намалувањето на годишните хипотекарни осигурителни премии што должниците ги плаќаат за станбени кредити поддржани од владата.

4. Им нареди на државните агенции да ги замрзнат новите прописи, за новата администрација да има време да ги разгледа.

5. Доби дозвола од Министерството за правда неговиот зет Џаред Кушнер да добие улога во Белата куќа, откако Министерството заклучи дека тука нема непотизам.

6. Се сретна со ЦИА, каде што им се обрати на вработените. Трамп, исто така, ги доби нуклеарните шифри.

7. Трамповиот кандидат за директор на ЦИА, републиканецот од Канзас Мајк Помпео, спротивно на своите претходни изјави, изјави дека е спремен да ги разгледа ограничувањата на техниките за испрашување, вклучувајќи и вотербординг, ако неговите разузнавачи заклучат дека е потребно.

8. Го крена спектарот на уште еден конфликт во Ирак, откако изрази жалење поради тоа што не била преземена нафтата во земјата и ѝ рече на ЦИА, „Требаше да ја задржиме нафтата. Можеби ќе имаме уште една шанса.“

9. Разговараше со мексиканскиот претседател и рече дека двајцата ќе се сретнат на крајот од јануари.

10. Разговараше со канадскиот премиер за економските односи на двете држави.

11. Објави дека има средби со лидерите во Мексико и Канада, за почнување на повторни преговори за НАФТА.

12. Објави дека неговата прва средба со странски лидер ќе биде в петок со британската премиерка Тереза Меј.

13. Сигнализираше промена во работата на Одделот за правда за граѓанските права кога побарала да се одложи тужба поради тексашкиот закон со кој се бара од гласачите да покажат одредени видови лични карти издадени од владата.

14. Се подготвуваше да издаде уште извршни наредби неделава.

15. Ѝ нареди на службата на Националниот парк да не објавува на Твитер откако таа го ретвитна новинарот на Њујорк тајмс Бинјамин Апелбаум, кој објави споредба на публиката во 2009 на инаугурацијата на поранешниот претседател Барак Обама и на сегашната инаугурација на Трамп.

View image on TwitterView image on Twitter

Compare the crowds: 2009 inauguration at left, 2017 inauguration at right.

 16. Почна разговори за преселување на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

17. Се соочи со својата прва национална катастрофа како претседател, смртоносните торнада во Џорџија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This