ГИ ДОПРЕ СИТЕ ДО СРЦАТА:Зошто оваа фотографија стана вирална? Што се крие зад неа?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа фотографија допре до срцата на сите – има 1.3 милиони лајкови, 78.000 коментари и речиси половина милион споделувања на Фејсбук.

Низ светот кружи една, на прв поглед, обична фотографија. Жена во чекална пополнува формулари, а мажот што седи до неа ѝ го држи бебето.

Но, причината зошто оваа навидум обична фотографија допре до срцата на сите и е споделена на Фејсбук речиси половина милион пати е приказната зад неа.

Наташа Вилсон од Алабама е личноста која ја направила оваа фотографија. На фотографијата ѝ го покрила лицето на жената затоа што не ја познава.

„Седев во чекалната кај мојот доктор кога една жена влезе со бебе што и спие на рамото. Жената се обидуваше да најде начин да ги пополни формуларите и да го држи заспаното дете едновремено.
Еден господин ѝ пристапи и ја праша: „Госпоѓо дали би сакале да го придржам вашето дете, додека ја средувате документацијата?“, а таа со насмевка и олеснување на лицето му кажа дека тоа би било прекрасно“, изјави Вилсон за американските медиуми.

„Мажот го зема детето го потпре на себе и го држеше така сè додека не дојде неговиот ред кај докторот. Ова беше случка каква што не сум видела во животот. Јас имам 7 деца и луѓето вообичаено не ти помагаат ако не те познаваат“, вели трогнатата Вилсон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This