ГИ ИСФРЛИЈА ОД ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ:Добро се забавувавме. Сакавме да ги изненадиме посетителите и да донесеме мир во светот, но бевме исфрлени од обезбедувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг беше вистински спектакл, но двајца маскирани забавувачи сепак не можеа да бидат сведоци на оваа свеченост.

Имитатори маскирани во американскиот претседател Доналд Трамп, односно во лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, кои заедно се појавиле на свечената церемонија, биле исфрлени од Олимпискиот стадион во Пјонгчанг.

„Добро се забавувавме. Сакавме да ги изненадиме посетителите и да донесеме мир во светот, но бевме исфрлени од обезбедувањето, а тоа не е фер. Зарем сите не посакуваме мир?“, вели мажот кој беше маскиран во севернокорејскиот лидер.

Тој додаде дека имале карти за отворањето на Олимпијадата, но биле исфрлени откако почнале да ги прогонуваат бројни новинари.

Од друга страна, организаторите истакнале дека двајцата мажи седнале на местата кои биле наменети за медиумите, односно дека поради тоа морале да го напуштат стадионот.

Лажните Трамп и Ким Џонг Ун се фотографирани на стадионот додека се поздравуваат. Нивната фотографија стана вирална и насмеа милиони корисници на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This