April 26, 2024, 10:51 pm

ГИ ИСЧИСТИЛЕ БУЏЕТОТ: Катица Јанева и другите oбвинитeли треба да вратат 1.000.000 евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катица Јанева и другите oбвинитeли треба да вратат 1.000.000 евра во државниот буџет!, пишува на фејсбук пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Милошоски пресметал кој колку треба да врати според јавно достапни информации.

Катица треба врати 150.500€ (од земени 157.000€)
Л. Стефанова да врати 87.000€ (од 93.000)
Фатиме Фетаи да врати 81.000€ (добила 87.000€)
Елизабета Јосифоска да врати 101.000€ (од земени 107.000€)
Гаврил Бубевски да врати 80.000€ (од 86.000€)
Артан Ајро да врати 80.000€ (од 86.000)
Трајче Пеливанов 80.000€ (земени 86.000)
Љубомир Лапе 81.000€ (земени 87.000€)
Бурим Рустеми 84.000€ (од 90.000)
Стевчо Донев 101.000€ (земени 107.000€)
Л. Ристоска 66.000 (земени 72.000€)

(пресметка е според јавно достапни информации, бидејќи додатоци кои го надминуваат изрично утврдениот лимит од 35% на основната плата се нeзaконски и претставуваат стекнување на пpoтивправна имотна корист на штeта на државниот буџет)

Подолу е објаснувањето за основните плати и за законскиот додаток кој според Законот за платите на oбвинитeлите не смее да е над 35%:

Ако основната плата на Катица Јанева изнесува 60.180 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 21.063 денари или вкупно 81.243денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, тогаш нејзиниот месечен приход во секој случај треба да е помал од 90.000 денари. Катица Јанева законски смeела да земе додатоци од државниот буџет од околу 6.500 €, за 18 месеци додека била овластен тyжитeл, а разликата до 157.000€ мора да ја врати во буџетот.
Ако основната плата на Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Артан Ајро, Елизабета Јосифоска и останатите oбвинитeли во СЈО без минат труд изнесува 56.640 денари, а додатоците од 35 % се во износ од 19.824 денари или вкупно 76.484,00 денари, на што треба да се додаде износот за минат труд, но во секој случај би требале се вкупно да примаат околу 80.000,00 денари месечно, пишува Милошоски на фејсбук.

Катица Јанева и другите обвинители треба да вратат 1.000.000€ во државниот буџет!Катица треба врати 150.500€ (од…

Posted by Antonio Miloshoski on Friday, November 29, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This