ГИ МРЗИ И РЕШЕНИЕ ДА ПИШАТ, ПРОГОНОТ НА ДЕЛО: Со препишано решение базирано на фабрикувана белешка изречен притвор и за Божиновски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бесно обвинителство исти решенија штанца. Никога Груевски избега – другите ќе ги апсиме, па макар и со копи-пејст решение за притвор. Само вака може да се протолкува постапката на Кривичниот совет на Основнот суд Скопје 1, кој на барање на СЈО ги изготвил решенијата за притворање на Јанакиески и Божиновски.

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски беа притворени рано утрото околу 5 часот во средата на 14 ноември, веднаш откако беше потврдено дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и бара политички азил. Решенијата за притвор се изготвени на брзина, така што решението за притвор на Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на СЈО, е ископирано и за Кирил Божиновски. Колкави биле бесот и немоќта на органите сведочат и „очигледните технички грешки“.

Прво, погрешен е бројот на предметот на Кирил Божиновски, за што подоцна Кривичниот совет изготвува и решение за исправка на „очигледна техничка грешка“.

Дека решението изготвено за Јанакиески во брзањето било употребено и за Божиновски може да се види од приложените документи подолу во текстов.

Кирил Божиновски во моментов е опфатен само во еден еден предмет на СЈО, во „Титаник“, а не во предмети, како што пишува. Во повеќе предмети на СЈО е обвинет Миле Јанакиески.

Во двете решенија стои дека средбата со претседателот Иванов била остварена преку посредник, иницијатор на средбата со претседателот на Репубика Македонија бил Миле Јанакиески, односно Кирил Божиновски, дека ги имале истите барања, дека ги имаат истите банкарски сметки во странство и дека се подготвуваат за бегство.

На средба со претседателот на Република Македонија бил Миле Јанакиески, кој закажал телефонски, како што потврди и Кабинетот на претседателот. Кирил Божиновски немал средба со Иванов.

Ова само покажува дека дента по бегството на Никола Груевски вириело во Кривичниот суд и во паника и бес изготвено е едно решение за притворање на двајата поранешни функционери во Владата, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот секретар Кирил Божиновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This