ГИ ОСТАВИЛЕ МИГРАНТИТЕ И ИЗБЕГАЛЕ: Две лица бегајќи од полицијата удриле во столб и избегале

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 29.01.2020 во 22.45 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензинска пумпа кај с.Владевци, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(30) од с.Слатино, тетовско, но возилото не застанало, по што удрило во бетонски ѕид на бензинската пумпа.

После тоа, возачот и совозачот го напуштиле местото на настанот, а полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток и СВР Струмица во возилото пронашле осум лица мигранти (еден од Сирија, тројца од Авганистан и четворица од Иран). За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Мигрантите се сместени во Прифатен центар за странци „Гази Баба“ и Привремен транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This