ГИ ПРЕЧЕКАА ТРАМП И МЕЛАНИЈА:Американците ослободени од Северна Кореја пристигнаа во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот кај Вашингтон ги пречека тројцата американски затвореници од Северна Кореја откако лидерот Ким Џонг Ун ги ослободи воочи историскиот состанок со Трамп.
Трамп и неговата сопруга Меланија ги пречекаа Американците кои утринава слетаа во 3:00 часот по локално време.

Ослободените Американци ги донесе шефот на дипломатијата Мајк Помпео, кој двапати престојуваше во Пјонгјанг во период од неколку недели.

Помпео беше во Пјонгјанг за да ги договори деталите на состанокот Трамп-Ким, кој треба да се одржи во наредните недели, како и поради ослободување на американците.

„Искрено, не мислевме дека ќе се случи, а се случи“, рече Трамп откако му се заблагодари на Ким за ослободување на затворениците.

Трамп изјави дека навистина верува дека Ким сака да ја внесе Северна Кореја во „реалниот свет“ и се надева на голем напредок на планираната средба.

„Би сакале да ја изразиме нашата длабока благодарност до владата на Соединетите Американски Држави, до претседателот Трамп, секретарот Помпео и народот на САД за тоа што нè донесоа дома“, се вели во изјавата на тројцата објавена од Стејт департментот.

„Му благодариме на Бога и на сите наши семејства и пријатели кои се молеа за нас и за нашето враќање. Бог да ја благослови Америка, најголемата нација во светот.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This