April 24, 2024, 11:28 pm

„Ги чeкaм aнгeлите дa ce вpaтат“: Статyc нa профecор од Пpилeп ја pacплака Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово додека одев на училиште, бев прашан од еден познаник – што барам таму? Зошто не си ги држам предавањата од дома кога секако наставата е on line. Само се насмевнав, затоа што времето да дадам одговор на ова прашање беше кратко.

Еден филозоф на времето рекол дека.. Секој човек има тенденција да се стреми кон она што му причинува задоволство, а да избегнува се што му причинува болка.

Јас веќе од порано знам дека мојата работа како наставник ме исполнува и ме прави среќен. Со други зборови – Кога сум со моите ученици и кога зборуваме за филозофијата, кога ги споделуваме случувањата од животот и од денот, јас се чувствувам дека овде на земјата сум го пронашол својот рај. Утрово застанав пред зградата на училиштето и почувствував дека рајот е тажен.

Влегов во празниот ходник и си ги броев чекорите, затоа што тие беа единствениот звук кој сабајлево одекнуваше во мојот рај. По навика го зедов дневникот и кинисав до мојата училница. Празниот ходник врескаше со својата неподнослива тишина! Офарбаните ѕидови беа мртви. Беа мртви затоа што ја немаше Маја или Марина да нацртаат срценце на нив и во него иницијали М & Г. Без тоа срценце ѕидот не може да живее.

Застанав за миг во ходникот и ги затворив очите. Ги видов Христи и Кате како се расправаат за некоја глупост. Ќе им помине. Мила бегаше од Димитар бидејќи му рекла нешто што не требало да му речи. Ангела се брзаше да им ги однесе кифлите на другарите кои ги прошверцувала пред дежурниот наставник, а една група од машки си подаваа со топче. Играа некоја нивна игра, која ја прекинаа кога ме видоа.

Ги отворив очите и со звукот на моите чекори продолжив кон празната училница. Седнав пред грдиот компјутер и си ја потпрев главата на дланките. Го гледав мојот рај кој имаше злато свила и кадифе. Само што тоа повеќе не беше рај. Во рајот го немаше најважното нешто за да биде рај. Ги немаше ангелите!

Одеднаш почнаа да натежнуваат ѕидовите, а клупите стануваа се помачни за гледање. Станав и го отворив прозорецот. Вдишив од ладниот утрински воздух и го знаев одговорот на прашањето зошто одам упорно да држам настава во празната зграда.

Ги чекам ангелите да се вратат. Тука се чувствувам поблиску до нив.

Фејсбук-статус на Рубин Матески

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This