Главниот кризен штаб утре ќе одлучува за новите мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 6ти декември на работа со ковид сертификат или негативен ПЦР на сопствен трошок. Тогаш би стапиле на сила предложените мерки од Комисијата за заразни болести доколку истите утре поминат на состанокот на Главниот Кризен штаб и во вторник добијат зелено светло на владина седница. Здравствените власти се категорични дека нема никаква присилна вакцинација туку право на избор на административците.

Оние кои се против, синоќа пред Собрание протестираа против задолжителната вакцинација а во исто време вакви собири имаше во повеќе земји во светот.

И синдикатите реагираа на предлозите со образложените дека не може работникот месечно да издвојува околу 200 евра за тестирање а имунизацијата треба да биде лично право на избор.

Сертификат со најмалку една доза, негативен ПЦР не постар од 72 часа и на сопствен трошок, потврда за прележаност до 45 дена или извештај од специјалист дека поради ретка болест не смее вакцина. Имунизацијата е задолжителна за здравствените работници

Ова се предлог мерките на Комисијата а дали ќе има одредени корекции ќе се знае неделава.

претходниот член,Жени се степале во ресторан во Карпош
Следната статија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This