April 25, 2024, 10:18 am

ГЛАВНИОТ ШВЕДСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ СО ПРИЗНАНИЕ: “Шведска требаше да воведе пocтoги мepки”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Главниот државен епидемиолог во Шведска, Андерс Тегнел, кој сметаше дека е непотребно да се блокира социјалниот живот заради ширењето на коронавирусот, во интервју за „Радио Шведска“ признал дека можеби требало да се воведат построги мерки.

Со месеци, Тегнел го бранеше својот пристап како поодржлив и ги критикуваше другите земји за наметнатите ограничувања.

На прашањето на новинар од „Радио Шведска“ дали премногу луѓе починале во оваа земја, Тегнел се согласи.

Кога би се соочиле со истата болест сега, знаејќи точно што знаеме денес, мислам дека би биле некаде на половина пат помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот, изјавил епидемиологот.

Шведска има највисока стапка на смртност во светот во однос на населението.

Повеќе од 4.400 луѓе починале од коронавирусот, а 38.500 луѓе се заразиле. Соседните Норвешка, Данска и Финска заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This