ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ЗATBOPEHИ: Заврши гласањето во првиот круг на претседателските избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Република Македонија денеска се одржа првиот круг од шестите претседателски избори. Како што соопшти ДИК, до 17 часот гласале 34,52% проценти од запишаните гласачи.

Денеска се гласаше на 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски избори на кои право на глас имаа 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список. Гласачките места беат отворени од седум до 19 часот.

Претседателските избори, според Државната изборна комисија, ги следеа 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи акредитирани од ДИК.

Вчера, ден пред изборите, гласаа лицата во казнено-поправните домови, внатрешно раселените, лица што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Записниците и другиот изборен материјал избирачките одбори ги доставуваат до ОИК во рок од пет часа по завршувањето на гласањето. Надлежната ОИК потоа ги сумира резултатите од гласањето, составува записници и ги предава на ДИК.

Секој избирач кому му е повредено избирачкото право во постапка на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до ДИК во рок од 24 часа. ДИК е должна во рок од четири часа по приемот да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК гласачот може во рок од 24 часа по приемот да поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија, кој, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

Вториот круг за пртседателските избори е закажан за две недели, на 5 мај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This