March 29, 2024, 12:15 pm

ГЛАСАШЕ И ПРВИОТ ЧОВЕК НА КАРПОШ: Стевчо Јакимовски порача дека треба да победи подобриот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска гласаше во 11:00 часот во О.О.У ,, Димо Хаџи Димов“ со што го оствари своето уставно загарантирано право. Јакимовски изјави дека граѓаните на овие избори треба да гласаат во мирна, фер и демократска атмосфера како што доликува на еден европски цивилизиран народ, а во Македонија треба да победи демократијата.

stevco_glasanje

,,Граѓаните нека го искористат своето право на глас и на демократски начин да одлучат кој треба да ги води во наредните четири години. Во мирна, фер и демократска атмосфера да покажеме дека сме зрело општество со функционална демократија, особено што сме под засилен мониторинг на Европската Унија“ – нагласи Јакимовски.stevco_glasanje2

Јакимовски истакна дека вечерва ќе има јасен победник на изборите. Порача дека поразениот достоинствено треба да ги прифати резултатите и да му ја честита победата на победникот, а победникот да не се однесува реваншистички туку треба веднаш да се зафати со работа. Максимално да се посветиме на решавање на приоритетите и секојдневните проблеми на граѓаните и да ги надоместиме изгубените две години политичка криза, дециден беше првиот човек на Карпош.stevco_glasanje3 stevco_glasanje4

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This