Гласањето заврши, започнува броењето на гласовите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија денеска се одржаа десетите парламентарни избори, петти предвремени избори.

Право на глас имаа еден милион 814 илјади и 613 полнолетни граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места. Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата бидејќи се организираа во состојба на пандемија со коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден траеше два часа повеќе од вообичаеното и беше прогласен за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици се отворија во 7:00 часот, а гласањето заврши во 21 часот. Сега почнува броењето на гласовите.

Се гласаше за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имаат 1.578 кандидати.

Предвремените парламентарни избори во Македонија беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавируот и вонредната состојба беа одложени со Уредба со законска сила и одлука на ДИК. Потоа во договор меѓу политичките партии беше избран датумот 15 јули.

ДИК, учесниците на изборите, сите вклучени во процесот повикаа првенствено на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, но и на почитување на демократските стандаради, на фер и слободни избори. Генералните оценки се дека првите два дена од гласањето минале без проблеми и со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Изборите се одржуваат во ситуацијата кога во земјата недели наназад има троцифрени бројки на позитивни со коронавирусот. Но, Македонија е без Парламент од февруари година, а ја предводи техничка влада чија првенствена задача, според Пржинскиот договор, требаше да биде организирање фер и демократски избори.

До 20:30 часот на гласање излегле 922.380 граѓани со право на глас односно одѕивот е 50.84 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This