April 23, 2024, 10:35 am

ГЛАСНА ТИШИНА НА МЕЧКИН КАМЕН: Талат одби да ја пее химната, народот одби да го слуша неговиот говор и го дочека со свирежи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Живо пиле немаше на Мечкин камен денес кога делегацијата предводена од Талат Џафери, Кирацовски, Сугарески и Спасовски пристигна во Крушево на илинденската прослава. Народот не памети кога имало толку мала посетеност на овој најголем државен празник на Република Македонија.

Коментарите одеа дотаму што се претпоставува дека дури и во случај на нуклеарна хаварија како во Чернобил и силна смртоносна радијација, на Мечкин камен би имало поголем број луѓе.

Евидентно е дека граѓаните силно реагираат прво на начинот на кој Џафери беше избран и СДСМ дојде на власт, насилно и со кршење на Уставот на Република Македонија и второ, на антинародните договори кои СДСМ ги прави на штета на државата, како што е Договорот за добрососедство со Бугарија.

Но тоа не е се: Џафери не остана должен исто така, па на свирежите со кои беше дочекан одговори на нему препознатлив начин. Покрај тоа што покажува дека некогаш го заборава јазикот, сега реши пред сите да покаже дека не ја знае химната или пак ако ја знае и тој како неговиот другар Бујар Османи смета дека химната на државата на која се смета за Претседател на Собрание и заменик на врховниот командант, не ја рефлектира мултиетничноста во Република Македонија. И сето тоа под споменикот на Питу Гули на кого некогаш навистина се чини дека каменот кој го држи во раце на драго срце би го пуштил во познат правец.

Што да каже човек повеќе, од ова:

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This