ГЛАС ЗА КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК ОД СДС Е ЏАБЕ ПОТРОШЕНО МАСТИЛО: Скандал на владата на Заев – преку 70% од парите за Албански општини, за Македонците нема ништо!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Зоран Заев преку Министерството за животна средина денеска објави скандалозни договори за доделување на финансиски средства на 12 општини со 14 проекти, во висина од 43 милиони денари, односно 700 илјади евра.

 

Околу 70 отсто од парите на Владата на Зоран Заев ќе одат за проекти во општините на ДУИ, а ниту еден денар за општините во Источна Македонија, Пелагонија, Град Скопје или други општини со што директно се дискриминираат Македонците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците и другите националности.

Денеска, министерот за животна средина и просторно ланирање Садула Дураки и градоначалниците на 12 општини потпишаа договори за доделување на финансиски средства на локалните самоуправи за изработка на техничка документација за изградба на водоводни и канализациони системи и за регулација на речните корита. Средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.

– Во оваа област се предвидени вкупно 43 милиони денари и истите се доделени на 12 општини, за 14 проекти. Со тоа Министерството за животна средина и просторно планирање настојува и финансиски да ги помогне локалните самоуправи во делот на управување со водите со што се обезбедува не само почиста животна средина, туку и директно се влијае врз здравјето на жителите – истакна министерот Дураки.

Согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година средствата се распределени за проекти во 4 области: за заштита, зачувување и подобрување на квалитетот на водите; за заштита на природата и биолошката разновидност; за подигање на јавната свест, едукација и обука во областа животна средина; и за поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми, проекти и други слични активности за заштита и унапредување на животната средина и природата.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Потпишани се договори со:

• Општина Желино за Изградба на фекална канализациона мрежа во
• Општина Теарце за Изработка на документација за одведување на отпадни води
• Општина Дебар за Атмосферска канализација (цевковод за прифаќење на водите од Ваковска река), Дебар
• Општина Василево за Изработка на техничка документација за канализација во с.Добрашинци
• Општина Куманово за Изработка на техничка документација за канализациона мрежа за с.Табановце, Сопот и Четирце
• Општина Гостивар за Продолжување со изградба на фекална канализација во н.м. Дебреше
• Општина Брвеница за Основен проект за главен колектор за фекална канлизациона мрежа за н.м.Долни Челопек, општина Брвеница
• Општина Липково за Регулација на речно корито на Слупчанска река
• Општина Пласница за Фекална канализација за дел од н.м. Долна Пласница, помеѓу река Треска и регионален пат Прилеп-Кичево
• Општина Крива Паланка за Доизградба на регулација на Скрљавски Дол
• Општина Струмица за Основен проект за главен колектор за фекална канлизациона мрежа за н.м.Долни Челопек, општина Брвеница
• Општина Струмица за Регулација на порој Крушевска Република на потег од ул.Климент Охридски до улив во река Тркајна со партерно уредување околу каналот
• Општина Струмица за Изработка на техничка документација за проект Главен фекален колектор за новоурбанизирани урбани блокови во Струмица бр.35-42
• Општина Ранковце за Изработка на инфраструктурен проект за канализациона мрежа за отпадни води во н.м. Опила.

[/kopa_block_quote]

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This