„Глас за Македонија“ за снижените критериуми за судии и обвинители: Секој може да конкурира за судија, ќе имаме судии со просек „шест“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На последниот оглас од мај, 2019 година, во условите за прием за обука во Академијата за судии и јавни обвинители, критериумите се снижени до крајни граници, велат од партијата „Глас за Македонија“, преку соопштение.

Наместо како досега, да се бара од кандидатите просек за завршени студии, оваа ставка е оставена сосема отворена. Затоа утре ќе имаме судии и јавни обвинители со просек 6, што е невиден пад во квалитетот. Исто така, наместо досегашното работно искуство од најмалку 5 години после положен правосуден испит, потребниот стаж е намален на само 2 години, се наведува во соопштението на партијата на Солза Грчева.

Се додава дека за 60 кандидати кои требат да бидат примени, се пријавиле над 500.

Ова само значи дека услови нема, односно речиси секој е “квалификуван“ да конкурира. Со ваквиот однос кон правосудството, се отвора пат за непотизам, за произволен избор на кандидатите и за неквалитетен кадар по вкус на власта.

Не е јасно дали изборот ќе се врши на томбола, со бинго или пак со телефонски повици.
Крајно несериозно е да се вели дека се прават реформи во правосудството, а да се нема цврсти и строги критериуми за прием на оние кои утре треба да вршат високи и одговорни функции. Затоа имаме и ќе имаме чудни пресуди, селективна правда и поткуп. Глас за Македонија во ваквите јавни повици исчитува уште едно место за корупција“, се додава во соопштението на политичката партија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This