March 28, 2024, 12:57 pm

ГЛАС ЗА МАЛИТЕ ПАРТИИ Е ГЛАС ЗА ЗАЕВ: Со гласање за помала партија, гласате за Заев, за дестабилизација и федерализација на Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Виница се обрати и носителот на изборната единица 3 Илија Димовски, кој апелираше до сите оние кои размислуваат да гласаат за помали партии дека тоа е глас за Зоран Заев и глас за дестабилизација и рушење на Македонија.

ilija-dimovski-6-640x330

-Мој апел до сите оние кои гласале за помалите партии или размислуваат на овие избори да гласаат за помалите политички партии сите тие, да не ги набројувам и прва, и втора, и трета, и четврта, кои што се на гласачкото лифче минатите две години рамо до рамо стоеа до Зоран Заев во исполнување на сценариото за дестабилизацја и за рушење на Република Македонија, сценарио чија што цел ја гледаме во последните десет дена преку ветувањето на Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија, секој глас за било која друга партија, секој глас даден на помалите партии кои што овие денови лажно се претставуваат како патриотски партии, е глас директно даден за Зоран Заев и глас дирекно даден за дестабилизација на Република Македонија, истакна Димовски.

Затоа велиме, додаде тој, на овие избори имаме само две алтернативи. Првата алтернатива е ВМРО-ДПМНЕ под број еден единствената политичка коалиција, единствениот политички концепт кој што има намера да ја зачува Република Македонија унитарна, стабилна и држава во која ќе се развива економијата, сите други од број два до последниот број на гласачкото ливче се рамо до рамо и учествуваат во сите процеси кои што ги гледавме во изминатите две години.

-Затоа почитувани граѓани на Виница на крај велиме- на 11 декември референдум за Македонија, порача Илија Димовски од вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во Виница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This