Гледајте го во живо слетувањето на сондата Инсајт на Марс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа околу 20:53 часот на Марс требаше да слета сондата на НАСА Инсајт. Сондата е опремена со низа инструменти со кои ќе може да копа и да го истражува тлото на Марс. Сензорите ќе може да ги забие и до 5 метри во длабочината на црвената планета.
Првото вселенско летало на НАСА што последниве шест години го посетува Марс е на неколку минути од завршувањето на тешката и нервозна почетна фаза од мисијата.

Лансиран од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, истражувачкиот дроид ја почна својата мисија уште на 5 мај. Оттогаш, сондата трпеливо се движеше кон својата цел, на рамнината Елизиум на Марс.

Се смета дека тоа е местото каде што Инсајт ќе има најголема шанса да ги собере саканите податоци за планетата: да ги истражи составот на тлото, геодетската активност, да ја измери температурата и слично.

Кога ќе слета, Инсајт веднаш ќе се фати за работа – да се обиде да ги разбере тајните што лежат под Марс, првпат во историјата.

Но пред да почне, сондата мора да го помине потенцијално смртоносниот пат низ атмосферата на Марс за да стигне до таа површина. Она што инженерите го опишуваат како „седум минути страв“ е патувањето во кое е поголем бројот на сондите што досега не успеале да го завршат, отколку на оние што успеале.

Како ние ќе знаеме што се случува?

Да се надеваме, со примање пораки од двата мали коцкасти сателити наречени Вол-и и Ив (WALL-E и EVE), по главните ликови во анимираниот филм од 2008, кои ќе го гледаат Инсајт додека се спушта на површината. Тие би требало да можат да испраќаат сигнали до Земјата речиси веднаш – но нема гаранција дека оваа технологија, која сè уште се тестира, воопшто ќе функционира.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This