April 19, 2024, 10:22 am

ГЛЕДАЈ И УЧИ ОД ЃОКОВИЌ: Тони му даде совет на Рафа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Овогодишенното издание на Вимблдон заврши со победа на Новак Ѓоковиќ кој во големото финале по една пekолна, напорна бopба и вистинска драма во пет сета славеше над Роџер Федерер во тај-брејкот.

Ова финале заедно го испратиле Рафаел Надал и неговиот чичко Тони кој долги години беше тренер на најдобриот шпански тенисер. Токму Тони за шпанската телевизија откри дел од нивните разговори, ставови за време на мечот, а еден од доста интересен и се однесува на делот во кој Ѓоковиќ заврши одлична работа за разлика од Надал кој како што е познато зaгуби во полуфиналето токму од Федерер.

-Заедно го гледавме финалето и му кажав: „Погледни кај стои Новак, од каде го враќа сервисот“. Беше многу блиску до основната линија него што Рафа беше против Роџер во полуфиналето. Ми призна дека сум во право и оти не било добро што стоел далеку. Го прашав „зошто не ја промени позицијата за ритерн кога јас и Франциско Роч ти рековме да го направиш за време на мечот? Ми кажа дека не видел, не ги разбрал нашите сигнали, ако било така секако дека би било поинаку, -вели Тони кој смета дека неговиот внук уште долго години може да игра на високо ниво.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This