Глигоров: Нека влегува Заев во филмот на Ахмети и обратно – на штeтa на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Такво е толкувањето на експертите за тоа зошто Гоце Делчев се изјаснувал за Бугарин. Демек, сме немале држава, а Бугарија ја имала. Да бидам искрен, совршено не ме интересира дали бил Бугарин или Македонец. Било некогаш тоа. Лебот денес треба да се јаде. И да се обезбеди „семка“ за утрешниот леб. Не е само коренот дел од едно „растение“ – каде се стеблото, гранките, листовите, плодовите … Или ќе се сведеме на „тепачка“ само за коренот кој секој сака да го присвои. За да можеш коренот да го заштитиш, треба да имаш стебло, лисја, …

Денес имаме држава, ако може така да се каже, барем на хартија, а не можеме 20 години да организираме попис на населението!!?? Што ви кажува тоа? Кој живее во Македонија? Аморфна маса? Колкава е таа маса? Повторно сме зад сите …
Пошто државата заостанува зад Бугарија, овојпат заради ЕУ, многу наши луѓе, практично кремот на Македонија, работи низ светот со Бугарски пасоши. Во Холандија, Германија, Англија и на други места, нашите луѓе официјално се Бугари и во други случаи – Албанци од Албанија наместо од Македонија. Познавам и Албанци со бугарски пасоши и затоа е „силата“ на Бугарија и кон Албанија.

Ако во минатото имало оправдување што сме немале држава, сега имаме, и не смееме да се правдаме дека не сме можеле. Политичките елити не можат да организираат попис на населението!!!??? Па што треба друго да работат? Да крадат треба, или?

Наместо Заев и Ахмети да се зајадуваат преку медиумите кој колку пратеници има и кој може да составува влада, нека се договорат за попис на населението. Оваа операција е неопходна за било каква стратегија на државата и на приватниот сектор. И секако за регуларност на изборите.
Пораката од изборите беше јасна: правда, попис и економија. Затоа 200.000 до 300.000 имаше маЊак гласачи на последните избори. Овие луѓе не ги интересира друго. Сакаат леб денес, и да знаат што може да очекуваат утре. Па нека влегува Заев во филмот на Ахмети и обратно – на штета на Македонија’.

Facebook статус: Венко Глигоров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This