ГЛОБАЛИЗМОТ Е МРТОВ: Да живеат нациите држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

До моментот кога го пишувам ова во светот има повеќе од 300 илјади починати од опасниот коронавирус, но се чини најголемата жрвта ќе ја понесе глобализмот и неговите пропагатори, оние кои го најавија и воспоставија новиот светски поредок на сметка државниот суверенетите, човековите слободи и права и нациите држави.

Нациите држави според “Енциклопедија Британика“ сее територии со суверенитет, односно држава со која некој владее во име на група на граѓани кои се самоидентификуваат како една нација. Тие се појавуваат во 19-тиот век како резултат на порастот на етничката свесност кај луѓето и клучниот момент е правото на самоопределување. По втората светска војна светот беше сведок на блоковска поделеност и Студена војна која што пак ги удри темелите на Новиот светски поредок, темели кои во овој момент се разнинашни.

Се чини повторн се враќаме на основата на модерниот свет, нацијата држава.

Сите ние видовме како една Италија, Франција, Америка со сопствена крв и железо како што би рекол Бизмарк (читај жртви и респиратори) се бореа со заразата, со исклучок на помошта од пријателски држави, алтруистички насторени едни кон други, ниту еден од надржавните ентитети како ЕУ, НАТО, Обединети Нации не се покажа како корисен.

Напротив колективните системи како Обединетите Нации и Светската здравствена организација и покрај милијардите во донации потфрлија со ненавременото предупредување за заканата која претставува коронавирусот.

Се чини и натаму човекот е како волк, не поради тоа што го правиме едни на други туку поради фактот што сите умираме сами, а изгледа сами и се бориме. Уште еднаш се покажа како вистинина, онаа нашата, старата „ако сам не се чуваш, ни господ не те чува“.

Денес светот за кој мислев дека е „прогресивен“, глобализиран е затворен како никогаш досега, границите се претворија во тројански ѕидини, лековите и храната со кои до вчера тргувавме станаа благороден ресурс кој што го има се помалку и помалку.

Пулените на глобализмот, луѓето како Бил Гејтс, Џорџ Сорос, Хилари Клинтон и многу останати обичниот народ веќе ги гледаа како криминалци, некои од нив одат дотаму да бараат да одговараат за злосторство против човештвото.

Сепак сето ова кое што го гледаме започна уште пред неколку години со почетокот на мандатот на Доналд Трамп. Трамп пред очите на светот се откажа од глобализмот и го прифати национализмот, идеологија која со години беше маргинализирана и жестоко критикувана.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред присутните на 74. заседание на Генералното собраниет на Обедините Нации порача дека иднината на светот не им припаѓа на глобалистите туку на патриотите,

-Умните лидери секогаш се борат за доброто на својот народ и својата држава, на прво место. Иднината не им припаѓа на глобалистите, туку на патриотите, порача тој.

Време е светот, но и луѓето да престанат да го гледаат модерниот иднивидуализам преку колективните и индивидуалните права и да почнат истиот да го гледат низ призмата на обврски, да го цитирам Кенеди „не прашувај што државата може да направи за тебе, туку ти што можеш да направиш за државата“. Верувам дека на сите ни е доста од колективна одговорност, состојба во која впрочем никој не одговара за ништо, доста е од колективни системи и надржавни ентитети без разлика дали се одбрамбени или економски исполенти со бирократија, системи кои не можат никако да се адаптираат за да носат тешки, но и клучни одлуки.

Време е човекот да се ослободи и државите да си го вратат суверенитетот, глобализмот е мртов да живеат нациите држави!

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This