April 26, 2024, 11:23 am

Глобалното затоплување ќе ги зголеми болестите и смртните случаи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Климатските промени го зголемуваат ризикот од срцеви и бубрежни заболувања и други смртоносни болести поврзани со топлината и тоа кај многу повеќе луѓе во светот кој се чувствителни на топлина, велат истражувачите во најновото истражување.

Ефектите од глобалното затоплување се најопасни за постарите и луѓето со хронични здравствени проблеми. Европа и источниот Медитеран, се повеќе ранливи на Африка и Југоисточна Азија, и тоа се должи на бројот на стари лица кои живеат во густо населените градови, посочуваат истражувачите во анализата објавена во медицинското списание „The Lancet“.

Според податоците, пак, на Светската здравствена организација (СЗО), климатските промени делуваат на многу фактори кои влијаат врз здравјето на луѓето, вклучувајќи го чистиот воздух и вода, храна и засолниште. Се проценува дека во периодот меѓу 2030 и 2050 година, климатските промени можат да предизвикаат дополнителни 250 000 смртни случаи на годишно ниво, и тоа поради неухранетост, маларија и стрес.

Извештајот покажа дека во 2017 година околу 157 милиони ранливи луѓе биле изложени на топлотни бранови.

Исто така, е потврдено и дека мали промени во температурата и врнежи од дожд може да предизвикаат големи промени во пренос на заразни болести кои се пренесуваат преку вода или пак преку убод од комарци, како што е колера, маларија и тропска денга грозница.

„Климатските промени со екстремни топли денови директно влијаат на нашето здравје, на пример, поттикнуваат пожари, понатаму се шират заразни болести, но и трошоците за живот во целиот свет”, вели еден од експертите кој беше дел од анализата, заклучувајќи дека резултатите кои ги добиле биле јасни.
Извор:tocka.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This