ГОВОР НА ОМРАЗА ОД ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА ЗАЕВ: Претседателот на бордот на директори на ЈП за станбен и деловен простор со закани и говор на омраза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседател на Бордот на директори на Јавното претпријатие за Стопанисување со станбен и деловен простор Џеват Исени, кој е пријател на премиерот Зоран Заев во јавноста се фали со незаконско работење и партизација.

Исени во низата случаи се заканува на социјалните мрежи, но никој од надлежните не реагира на неговите постапки.

Тој на својот Фејсбук профил им се заканува на, како што вели, едни политичари и градоначалници, директори и функционери.

-Не исклучувајте телефони и не викајте дека имате делегација внатре… Кога може премиерот Зоран Заев да се јавува и министерот Оливер Спасовски, што не знаат каде им е главата, а вие го шиканирате народов…, пишува Исени на својот профил.Ова не е прв пат Исени да се заканува, да се фали со партизација, незаконско работење, ширење омраза и притоа никој да не реагира.

Исени на почетокот на мај го поддржа именувањето на Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, за советник во Владата. Тоа беше одлука на Заев која падна во вода, бидејќи под притисок на јавноста командант Хоџа се повлече од функцијата.

Исени на Фејсбук ја искоментира фотографијата на која се гледа како Шаќири излегува од владината зграда.

-Без предрасуди, со одлука во рака. Почитуван команданте Хоџа, денес, и секогаш ќе се гордееме со вас. Се обидоа да те уценуваат, потценуваат итн, итн, но ти успеа… Не ја изневери крвта на паднатите борци, не го изневери даденото ветување. Денес предавниците треба да се соочуваат со вас, чело со чело и очи во очи, и во владините институции. Команданте Џезаир Шаќири Хоџа, се гордееме со вас, напиша Исени.Освен тоа тој се покажа како прилично „храбар“ функционер во Владата предводена од Заев.

Како прв човек на Бордот на директори во Јавното препријатие за стопанисување со станбен и деловен простор тој со задоволство се пофали дека разрешил 11 директори од ВМРО-ДПМНЕ, и оти за директорка назначил Албанка.

-Денеска имав особена чест, со еден потпис да разрешам 11 директори на ВМРО и да именувам 11 директори на СДСМ. Имав чест и да ја потпишам одлуката за именување на Албанката од Охрид, госпоѓата Јехона Сулејмани за директорка. По 11 години Охрид ќе има директорка Албанка. Без пречки од СДСМ дозволија да ја унапредам оваа госпоѓа. Честитки, рече Исени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This