ГОДИНА ДЕНА СЕ ПРАВЕЛ ПЛАНОТ ЗА УЦEHУBAЊЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ: Александар Николоски открива план за „купување“ на гласовите на пратениците за промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луѓето од 27.април се неправедно и од политички причини ставени во oбвинeниe, со цел да се исконструира случај кој подоцна ќе може да се искористи како предмет за уцeнa, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски

 

„Сметаме дека и на овие луѓе на кои ќе им се помогне сега, подобро е да им се помогне отколку да не им се помогне, затоа што е факт дека сите тие луѓе, особено тие што се во оваа голема група се неправедно оставени таму и се од политички причини. Кога ние сега гледаме како се изгласаа уставните амандмани и зошто се изгласаа уставните амандмани, гледаме дека имало еден план повеќе од година дена, односно да се исконструира случај во кој што ќе бидат опфатени пратеници, кои потоа ќе можат да бидат за жал да бидат уцeнувaни и да служат на потребите на власта за промена на името“ – вели Николоски во емисијата на АлфаТВ.

Тој додава дека е сигурен дека дури и да не постоело 27.април, ќе се измислело нешто друго со цел да се стават во незавидна ситуација и ќе можат да бидат уцeнувaни.

Николоски не ја оправдува одлуката за гласање за уставни измени од страна на овие пратеници, додавајќи дека мисли дека направиле грешка која ќе им тежи цел живот.

https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/2120936484595266/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This