ГОЛЕМА АЛБАНИЈА НА МАКЕДОНСКАТА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА: На вториот канал на МТВ се емитуваше детски танц со Големоалбанска иконографија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со децении претставниците на радикалната и експанзионистичка албанска политика во Македонија чекаа да се појави Зоран Заев, да се појави македонска политичка партија која за свои лични интереси ќе биде соработник во уривањето на Македонија и создавање на Голема Албанија со анексија на дел од Македонија. Сега, со понудата на Зоран Заев за кантонизација и двојазичност отцепувањето на дел од Макeдонија за потреби на Голема Албанија и не е веќе приоритет, СДСМ и Заев им понудија поголем влог – преземање на цела Македонија под контрола на албанските политички интереси водени од Тирана во замена за власт на СДСМ и Заев. Зошто да не, велат големоалбанците, ако државата е големоалбанска може привремено да ја води некој од СДСМ доколку ги исполнува истите цели кои се план на великоалбанците.

deca_golemaalbanija

Пропагандата за Голема Албанија е континуитет, со децении, не само во Црна Гора, Србија и Грција туку најмногу – во Македонија, пред се затоа што е мала држава, и затоа што овде како никаде на друго место се најдоа сојузници меѓу Македонците за остварување на тој план. Никаде, во ниту една од наведените држави, 30% од другата етничка заедница доброволно не гласала за Голема Албанија како што Македонците, гласајќи за понудата на СДСМ и Заев – гласаа за кантонизација и двојазичност, столбови на големоалбанските планови тука.

Кој се сомнева дека постои активна пропаганда за Голема Албанија во Македонија можел тоа да го види презентирано на најдиректен и политички најбрутален начин – со употреба на мали деца во емисија на националниот канал, Македонската радио телевизија!

Неделната утринска програма на МТВ 2, во детскиот блок, објави танц настап на деца на возраст од околу 6-7 години со сценографија на Голема Албанија, дури и на нивните маици можеа да се видат отпечатени мапи на Голема Албанија додека ја пеат песничката “ една татковина, една Голема Албанија…“

До овие избори некако и се справувавме со уривањето на Македонија и анексијата на Македонија во Голема Албаанија но, овие избори го урнаа одбрамбениот ѕид и, за прв пат во историјата на Македонија, една неалбанска партија – СДСМ со Зоран Заев, сама понуди Македонците да прифатат припојување кон Албанија и Косово, да бидат дел планот за Голема Албанија. Таа големоалбанска понуда на СДСМ и Заев беше прифатена од околу 350.000 Македонци или, околу третина од гласачкото тело на Македонците! Или – накусо, никој со сила не ги тераше, но од 11. декември 2016 година Македонците со околу 30% од своето гласачко тело се изјаснија за Голема Албанија, и тој факт никогаш понатаму веќе нема да може да се исправи, постапката е во тек и секој може да претпостави како ќе се одвива. Им беше кажано на време што нуди Заев но, тие одбраа да му бидат лојални на СДСМ пред да бидат лојални кон себе и кон Македонија.

Третина Македонци, со својот глас за Заев, донесоа пресуда за сите и ги вовлекоа и другите – две третини од Македонците во Голема Албанија! Многумина, секако, отпосле виделе што направиле и веројатно сега се каат но, работата е завршена, а како ќе се борат со својата совест и последиците понатаму – знае секој од нив. Го поддржаа Заев и СДСМ со нивната понуда за кантонизација и двојазичност, ја поддржаа и Голема Албанија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This