April 19, 2024, 10:09 pm

Голема Албанија на повидок: Во Косово референдум за обединување со Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај, најави денеска референдум за обединување со Албанија.

За време на презентацијата на изборната програма, тој рече дека Косово не може да чека додека другите не бидат подготвени да решат многу отворени прашања.

„Ќе дојде денот кога новиот американски претседател или новиот германски канцелар ќе треба да го изјават она што ќе му го каже на Косово во 2024, 2025 или 2026 година … Очекувајте да сториме нешто. Ние ниту прифативме ниту оставивме замрзнат конфликт, ниту прифативме да се разделиме, но ќе одиме на референдум за обединување со Албанија, запомнете го ова“, рече Харадинај.

Тој објасни дека не станува збор за љубов и потсети дека косовските Албанци му дадоа збор на Западот пред 20 години дека сакаат да ја почитуваат заедничката визија Косово да се приклучува кон ЕУ, НАТО, за да стане членка на ООН и Белград да го признае тоа, пренесува Танјуг.

„Ако ЕУ сака да убеди пет земји-членки да ја сменат својата позиција, а Америка сакаше да ни помогне да добиеме признание од Израел, нашите европски партнери не држат толку изолирани, зошто нè оставаат настрана и од време на време ни кажуваат дека самите сме виновни за тоа. Зарем не се виновни Србија и другите соседни земји, дали беа тие совршени“, рече Харадинај и додаде: „Едвај чекаме некој да биде расположен за решавање на косовското прашање“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This