Голема афера со тајни снимки во Бугарија: Борисов снимен во спална, а покрај него пиштол, евра и злато

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот медиум Афера.бг објави фотографии од анонимен автор од спалната соба на бугарскиот премиер Бојко Борисов во премиерската резиденција.

На една од фотографиите се гледа како Борисов спие, а на друга дека на наткасната има пиштол, а фиоката е полна со злато и евра.

По објавувањето на фотографиите Борисов одржа прес-конференција на која обвини дека зад овие снимки, кои според него се направени од дрон, стои бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој посочи дека противниците го напаѓаат со компромитирачки материјали за да го спречат во две важни цели кои треба да се постигнат во јули – влез на Бугарија во банкарската унија и во еврозоната.
„Јас сум слободна личност, водам нормален живот. Целта е да не уништат ментално, а потоа и да не нападнат физички. Загрижен сум затоа што кога спијам, сум беспомошен“, рече Борисов.

Борисов не ја негираше автентичноста на фотографијата на која се гледа како спие, но ги спори предметите од другата фотографија и за нивната автентичност рече дека треба да се почека вештачењето.

„Човек има свој личен простор. Како може да дојдат да ме снимаат? Можеле да ме снимаат и како ‘рчам, ако го правам тоа воопшто. Од каде да знам дали го правам. А, ако се откриев?… Ова ли е демократијата која ја сакавме? Немам ли право да си легнам, да си спијам, а и слатко си спиев“, рече тој на прес-конференцијата.

Случајот ќе го истражува Јавното обвинителство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This