ГОЛЕМА ВОЕНА BEЖБА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Мадуро нареди спроведување на голема вoeна вежба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, нареди започнување вoeна вежба што ја оцени како најважна во историјата на таа земја, која е погодена од длабока политичка криза, јавува Anadolu Agency (AA).

Големата вoeна вежба на венецуелските сили ќе трае до петок.

„Мораме да се подготвиме за одбрана на суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Венецуела“, рече Мадуро во обраќањето пред вojниците во базата „Гуаикаипуро“ во покраината Миранда.

Истакнувајќи дека Венецуела ја негува борбата за зачувување на суверенитетот веќе два века, Мадуро рече дека и вjcката и народот се подготвени да застанат во одбрана на државата и честа.

Мадуро и синоќа му порача на американскиот претседател, Доналд Трамп, да не се меша со внатрешните работи на Венецуела.

Венецуела е погодена со протести од 10 јануари, кога претседателот Николас Мадуро положи заклетва за вториот мандат на функцијата претседател по изборите кои беа бојкотирани од страна на опозицијата.

Тензичноста дополнително се зголеми кога опозицискиот лидер Гваидо, на 23 јануари се прогласи за вршител на должноста претседател, за што поддршка му пружија САД и многу европски и латиноамерикански земји.

Русија, Турција, Кина, Иран, Боливија и Мексико својата поддршка му ја дадоа на Мадуро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This