April 26, 2024, 10:27 am

ГОЛЕМА КРИЗА ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ: Албанците веќе дојдоа по главата на Заев – власта виси на конец!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствен излез е одржување на вонредни парламентарни избори заедно со редовните претседателски на есен 2018. или на пролет 2019. година. Постоечкото мнозинство може да носи закони за кои е потребно само просто мнозинство, а тие се главно албански барања

Владата на Зоран Заев остана без уште една албанска партија, така да сега стои на стаклени нозе кои се сочинети од два независни пратеници. По албанската партија „БЕСА“ и „Алијанса за Албанците“, која ја предводи Зијадин Села, реши да ја напушти коалицијата која на Заев му овозможи да седне во премиерската фотеља. Со обзир дека Заев сега едвај има мнозинство, прашање е дали Македонија е на прагот на нови вонредни парламентарни избори?

Александар Даштевски, универзитетски професор за Спутник вели дека ситуацијата е прилично комплицирана, посебно бидејќи ВМРО-ДПМНЕ излезе од Парламентот поради апсењето на нивни членови, што значи дека нема никој кој би можел на дневен ред да стави гласање на доверба на владата на Зоран Заев.

„Моменталната ситуација е таква што владеачката коалиција остана без седум пратеници. Тоа води кон две можни сценарија: да формира широка коалиција од сите партии која би била преодна можност за вонредни избори кои би биле одржани заедно со претседателските на пролет во 2019. година, или евентуално на есен. Другата можност е веднаш да се оди на вонредни парламентарни избори, бидејќи со ваква поддршка во Парламентот невозможно е да се донесат закони кои се реформски, а се однесуваат на ЕУ, НАТО и промена на името на државата, за што е потребно двотретинско мнозинство“, вели Даштевски за Спутник.

Даштевски додава дека проблемот во Владата на Зоран Заев се појавил пред се поради кражбата на пратеници од страна на најголемата албанска партија ДУИ од редовите на Алијансата за Албанците, а тоа е последица на обид албанското тело да се „окрупни“, со цел полесно носење на одлуки кои се однесуваат на албанската заедница. Заев во потполност, додава Даштевски, зависи од тоа колку ќе се спроведува договореното во Тиранската платформа, а засега тоа оди според плановите на албанците.

„Фактот што нема мнозинство за сериозни закони не спречува делови од Тиранската платформа да се остварат, бидејќи за гласање на тие закони во Парламентот потребно е просто мнозинство. Тоа се однесува на Законот за двојазичност кој најверојатно ќе биде усвоен во јануари, што значи до тој момент Македонија престанува да биде унитарна држава на граѓаните на Македонија. Фактот е дека Албанците во владата на Зоран Заев, ја искористија за да остварат уште една од точките од Тиранската платформа, а тоа е укинување на границата помеѓу Албанија и Македонија која Талат Џафери веќе ја договорил во Тирана. Неодамна за тоа е разгоарано и во Приштина“, вели Даштевски.

Неговото мислење е дека албанската партија ДУИ, која е блиска со Тирана, во моментот по рејтинг најдобро котира, дури мисли дека има приближно онолку колку и СДС.

„Македонија е во голем проблем и економски и политички и е на чекор од формирање на покраина од Западна Македонија – со што државата Македонија би престанала да постои. Албанскиот фактор го искористи Заев за да ги оствари своите цели, кога ќе ги изгласаат законите кои тие ги зацртаа, оваа власт повеќе нема да им биде потребна“, уверен е Даштевски.

Зијадин Села владата на Зоран Заев ја нарече машина за перење веш која се служи за чистење на корумпираните работи на коалиционите партнери, што некои го протолкуваа како така да оваа партија, ако би дошло до вонредни избори, би можела да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, истото важи и за БЕСА:

За сега, иако ја напушти владата, лидерот на Алијансата за Албанците рече дека нема да бара предвремени парламентарни избори, како и дека по излегувањеот од владата ќе ги поддржи сите важни закони. Инаку, гласовите од пратениците на Алијансата за Албанците беа пресудни за формирање на владата на Зоран Заев.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This