ГОЛЕМА НЕРВОЗА ВО СДСМ: Лажните анкети на Брима Галуп , подарок за да продолжат по зацртаниот план за менување на името и македонската историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата која бега од локални избори, чиј лидер ја користи функцијата премиер на државата за сквернавење на македонската историја, си порачаа анкета според која тој и неговата партија имаат предност.

Далеку од логиката е партијата која ја туркаше Тиранската платформа и на нелегитимен и неделовнички начин го избра Талат Џафери за претседател на Собранието, да има покачување на својот рејтинг, посебно ако се знае разочараноста на граѓаните поради овие потези на новиот премиер на државата.

Заев и неговата влада за еден месец откако се на власт единствено што сработеа е рушење на позициите на Македонија, во спорот за името со Грција, а потоа и играње со македонската историја во Софија на очиглед на целокупната јавност. Граѓаните се разочарани од начинот на кој новата влада ги урива позициите кои Македонија долги години ги поставуваше околу решавањето на проблемите со соседите, па поради тоа уште толку може да се каже дека анкетата на Брима Галуп е далеку од логиката.

Покрај тоа што СДСМ почна да ретерира од ветувањата кои ги даваше во кампањата за просечна плата од 500 евра, новиот премиер директно удри по македонската историја откако го покани премиерот на Бугарија заедно да го прослават Илинден во Македонија. Инаку бугарските историчари тврдат дека Илинден е еден од најголемите празници на Бугарија како држава. Разочараноста меѓу граѓаните и од овој потег е преголема, па изгледа само за Брима Галуп граѓаните повеќе го поддржуваат сега Заев.

Не беше ова единствен потег со кој Заев ги разочара граѓаните при посетата на Бугарија, тој во Софија изјави дека е спремен на учениците од учебниците по историја да им ги извади Гоце Делчев и Никола Карев, бидејќи како што тој кажа дела се не е во духот на новата соработка меѓу двете држави ќе биде променето во книгите.

-На прашање на бугарските новинари Заев одговори дека голем дел од историјата е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето се она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави. Како ?, напиша Софија Куновска на својот ФБ профил.

Граѓаните го поставуваат прашањето дали оваа анкета  претставува и подлога за менувањето на името на државата. Бидејќи Брима Галуп и порано објавуваше анкети кои требаше да ја натераат владата поради силниот рејтинг да го промени името на Република Македонија. Тие велеа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е 35 проценти, за разлика од 10 проценти кои ги имаше СДСМ, во моменти кога амбасадори ја притискаа тогашната влада да го реши спорот со името, поради предноста која ја има. Овие истражувања според внатрешни анкети на партијата се знаеше дека не се точни и дека претставуваат само обид да се убеди тогашната влада да го промени името на државата.

Ова е доказ за нервозата на СДСМ откако кај граѓаните нивната слаткоречивост во распродавањето на македонската историја, па преку нарачани и штелувани анкети сега се врши обид да се тргне вниманието од потезите кои тие ги прават, а се на штета на Македонија како држава.

Инаку, постојат и непотврдени информации дека Ѓорги Кимов, советник за истражувања во Брима Галуп, бил виден како влегува во една амбасада каде се задржал околу два часа.

Со оглед на гласните барања на странските амбасадори и големите сили да се реши спорот со името со Грција, повторно се поставува прашањето дали оваа анкета е награда и поткрепа на Заев и неговата влада, за најавите дека се спремни да го променат името, како и да ја променат македонската историја, за како што кажа новиот премиер подобрување на соседските односи со Бугарија.

Друго прашање кое граѓаните го поставуваат е зошто Заев со предноста која конечно ја има пред Груевски, како што вели анкетата, со сите сили се обидува да ги избегне локалните избори во октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This