Голема радост, ама напразно: Ѓоковиќ не отвора ресторан за бездомници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пофалби од сите страни, голема радост и комплименти на адреса на најпознатиот тенисер Новак Ѓоковиќ го преплавија регионот, по објавата на веста дека отвора ресторан за бездомници во соседна Србија.

-Парите не ми се проблем. Заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека тие заслужуваат, бидејќи секогаш ме поддржуваат – е наводната изјава на тенисерот, која ја предизвика забуната во јавноста, и тоа по втор пат во две години.

Имено, за тоа дека Ѓоковиќ, кој веќе има два ресторани, еден во Белград ,,Новак” кој го отвори во 2009 година, и еден во Монте Карло ,,Еквита” отворен во 2016 година, решил бесплатно да ги храни бездомниците во Србија, за прв пат се објави во британски медиум уште пред околу две години, а потоа веста беше пренесена и во речиси сите медиуми во регионот.

Некои пишуваа дека ресторанот веќе се отворил, други пак дека се бара соодветна локација. Информацијата се прошири со молскавична брзина, и за неколку часа го обиколи светот. Набргу потоа, во октомври 2017 година, од неговиот ПР тим демантираа и појаснија дека нема такво нешто. Но, сепак потенцираа дека Ноле продолжува со хуманитарна работа.

-Станува збор за измислена вест и за нешто што нема врска со Новак Ѓоковиќ – појасни Небојша Мандрпа од тимот за односи со јавноста на тенисерот за порталот Глорија.хр уште тогаш.

Веста за која очигледно многумина посакаа да е вистинита, повторно е актуелна во регионот, а посебно кај нас, и изминатата недела беше објавена во десетици наши портали. На социјалните мрежи – овации, радост, благослови до семејството Ѓоковиќ, пораки до останатите кои заработуваат солидно да се угледаат на Новак.

Сепак, ресторан во кој ќе се дели бесплатна храна, најверојатно ќе биде само сон и желба за многумина, барем во блиска иднина. Оние кои се понадевале дека Ѓоковиќ ќе ги храни, очигледно ќе мора да најдат начин сами да си го заработат парчето леб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This