„Голeмитe лидepи“ како мaли дeцa, Али со сите Aлбанcки, Зaeв бара да се сpeтне со сите македoнcки пapтии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На средбата на лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, одржана во Собранието не е постигнат договор за формирање влада, но разговорите ќе продолжат следните денови.

По средбата, Заев повтори дека ја чувствува како притисок поканата за средба што ја упати Ахмети до лидерите од албанскиот политилки блок по повод годишнинатата од Рамковниот договор, порачувајќи дека таква средба може да имаат и претставниците од како што вели неалбанските граѓани. Заев потенцира дека ако поводот е Охридскиот договор, тогаш таму треба да бидат и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Дадов коментар на директно прашање дали повикот на ДУИ да се состане со сите политички партии на темата претседател на Владата на предлог на ДУИ, да, го чувствувам како притисок. Понатаму нема да разговарам, сакам да дадам шанса на разговорите, нормално е заради тоа што може и сите политички партии кои се претставници на неалбанските граѓани во државата, од неалбанската етничка заедница, значи може и тие да се соберат. Значи, можеме ние и со претставници на бошњачките партии, и со ВМРО-ДПМНЕ и со турските партии и слично, треба да се води грижа и за тоа. Ако е поводот Охридскиот рамковен договор и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат таму – изјави Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This