ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СИ ИГРААТ СО ОГАН: Промената на границите ја отвора Пандорината кутија во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Етички мотивираните промени на границите би можеле да ја отворат Пандорината кутија, особено во Босна и Херцеговина и Македонија.

Не само што лично ги доживеав „златните години“ на Југославија, контрадикторностите од времето на Тито и пропаста на мултиетничката држава, туку и го опишував и го коментирав овој драматичен развој како странски дописник и автор за читателите на германски и англиски јазик, вели Пол Лендвај во австриски Стандард.

Затоа сум скептичен, често дури и сомничав, кога одеднаш многу играчи ќе почнат да работат зад сцената, а понекогаш и во центарот на вниманието на ТВ-камерите, со планови за размена на територии меѓу Косово и Србија, вели тој.

Веќе во својата книга „Југословенски наследници“ (2001), југословенскиот експерт Виктор Меер, кој почина во 2014 година, напиша: „Таквите соништа се без вистинска основа, бидејќи тука навистина треба да менувате меѓународни граници, што е кошмар не само за Србија, туку и за Македонија и Грција, ако овој значаен линк меѓу север и југ одеднаш ќе премине на територија со претежно албанско население“.

Сега, српскиот претседател Александар Вучиќ се чини дека е подготвен да се откаже од овој стратегиски важен коридор заради идното ЕУ-членство. Истата надеж за важното членство не само во ЕУ, туку и во ОН, се чини дека го мотивира и претседателот на Косово, Хашим Тачи, не само принципот на територијално единство, туку и откажувањето од рудниците на Трепча и главната брана за снабдување со вода на север. Фактот дека сè уште има илјадници Срби што живеат во централно и јужно Косово сè уште игра улога во внатрешното српско противење кон територијалната размена.

Но во прашање е многу повеќе од можното влијание на таквиот договор врз позицијата на моќ на двата главни протагонисти. Ги споделувам предупредувањата на компетентни набљудувачи, вклучувајќи и тројца поранешни високи претставници за Босна, дека етнички утврдените гранични промени би можеле да ја отворат Пандорина кутија, особено во Босна и Херцеговина и Македонија. Прорускиот лидер на босанската Република Српска, Милорад Додик, сака да се откаже од државата и да ѝ се приклучи на Србија. Хрватските националисти во Херцеговина копнежливо гледаат кон Загреб. Во Македонија, каде што Албанците сочинуваат околу една четвртина од населението, албанските екстремисти може да го поткопаат процесот на внатрешна и надворешна стабилизација.

Канцеларката Ангела Меркел неодамна, и да се надеваме навреме, предупреди на оваа запалива игра на границите на Балканот. Сепак, најопасниот пироман на светската политика е во Вашингтон. По корејскиот дебакл, Трамповиот советник за безбедност, во жесток контраст на долготрајната политика на САД за Балканот, даде зелено светло за уште еден ризичен експеримент, овојпат со уште едно буре барут, проценува Лендвај.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This