April 23, 2024, 11:34 pm

Големи пpoтecти во Лондон поради цeлосниот кapaнтин, уапсени неколку лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лондонската полиција денеска уапси 12 демонстранти на протестот во јужниот дел на градот, организиран поради мерките против ширењето на коронавирусот.

Протестот е организиран во момент кога е зголемен бројот на нови случаи во британската престолнина, како и товарот врз болниците, пренесува Би-Би-Си.

Полицајците, кои се обидоа да ја растераат толпата, се судрија со некои од демонстрантите кои протестираа без маски во јужниот дел на Лондон, а шест полициски комбиња беа распоредени на местото на настанот, наведува британскиот јавен сервис.

Градските власти велат дека болниците сега се 35 проценти повеќе оптоварени отколку што беа во екот на пандемијата во април, додава Би-Би-Си.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This