ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО КУМАНОВО: Поплавени куќи, подрумски простории, гаражи и булевари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поројниот дожд што попладнево го зафати Куманово предизвика проблеми во повеќе населби во градот. Според првичните информации од Регионалниот центар за управување со кризи, поплавени се куќи во населбата „Перо Чичо“ и во селото Доброшане, како и подрумски простории, гаражи и дворови зад гимназијата и на дел од булеварите.

Првичните информации од оперативците на РЦУК Куманово се дека се појавило и странично свлечиште на улицата „Титова Митровачка“ за што се информирани надлежните институции.

– Екипите на „Водовод“ веќе се на терен и се обидуваат да ја исцрпат водата од поплавените простори, изјави директорот на претпријатието Горан Стојковски.

Поројниот дожд го зафати Куманово пред 15 часот и непрекинато врнеше речиси еден час со силен интензитет и силни електрични празнења.

Краткотрајно невреме проследено со силен град го зафати попладнево кумановско . Иако град паѓаше само неколку минути, сепак успеа да ги побели улиците во централното градско подрчје , но и околните населени места.

Со оглед на интензитетот на врнежите од град,но и според првичните информации од жителите од приградските населби дел од земјоделските култури имаат претрпено и штети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This