Генералниот секретар во кабинетот на претседателот на Србија Никола Селаковиќ вечерва ги повика граѓаните на Косовска Митровица, кои по приведувањето на Марко Ѓуриќ се собраа пред мостот на Ибар мирно да протестираат, разумно и прибрано да сочекаат што ќе им порача шефот на српската држава по седницата на Националниот совет за безбедност
Попладнето, косовската интервентна полиција го уапси шефот на владината канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ со полиција која беше вооружена со автомати, шок бомби, а низ Митровица се огласија и сирените за предупредување.
Тензиите во Косово се високи, а во меѓувреме Вучиќ разговараше и со Путин.