ГОЛЕМ ДЕН ЗА ТУРЦИЈА: Путин утре ќе го постави камен темелникот на нова нуклеарна централа во Турција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата за атомска енергетика на Турција даде лиценца за изградба на првиот блок на атомската централа „Акују“, јавува агенцијата Анадолија

Како што се наведува, проектот на станицата ќе го реализира „Росатом“ во склад со барањата на Турција.

Се очекува церемонијата на поставување на камен-темелник за атомската централа да биде одржана утре во присуство на претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Според зборовите на министерот за енергетика на Русија Александар Нова, првата фаза на градежните работи ќе започне наскоро.

Претходно е објавено дека Анкара на тој проект му даде статус на стратешка инвестиција, што треба да помогне во негова реализација. Во овој момент се бараат коинвеститори.

Проектот на нуклеарната електрана „Акују“ опфаќа четири енергетски блока со руски реактори ВВЕР-1200 генерација „три плус“, кои се во склад со највисоките, таканаречени „постфукушимски“ стандарди за безбеднос. Капацитетот на секој енергетски блок на нуклеарната електрана е 1.200 мегавати.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This