ГОЛЕМ ИНТЕРЕС КАЈ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАДОМЕСТ ЗА ВГРАДЕНИ КОЛЕКТОРИ И ПВЦ ПРОЗОРИ: Министерот Бектеши ја поздрави заинтерсираноста на граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за економија, Крешник Бектеши, со неколку фотографии се пофали на својот профил на „Фејсбук“  дека кај граѓаните постои голем интерес за мерките за енергетска ефикасност со кои се надоместуваат дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинства и за инсталирање на ПВЦ или алуминиумски прозорци.

„Голем интерес од страна на граѓаните за мерките на Министерството за Економија!
Горд за спроведените мерки за енергетска ефикасност!“, напиша Бектеши.

Од вкупните средства од 30 милиони денари за субвенционирање, ќе им биде обезбеден поврат на дел од средствата до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари за сончевите термални колектори, додека за купувачите на ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе се реализира поврат на дел од средствата до 50%, но не повеќе од 25.000 денари

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This