April 17, 2024, 12:01 am

Голем пожap на „Женски пазар“, поради дeфект во внатрешната инсталација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Противпожарната служба на Бит пазар синоќа околу 22:30 со две противпожарни возила итервенираше во делот на „Женскиот пазар“ каде во моментов се вршат градежни активности. Причината за пожарот како што велат од противпожарната служба е можното оптеретување на електричното броило или пак од дождот дошло до спој.

Владимир Симоновски командат на противожарна вели дека се интервенирало брзо местото било пристапно затоа што било недела навечер па немало гужва.

Причина на пожарот на женски пазар на сопственост на скопски пазар е електрично броило. Електрично броило може да се запали или од оптеретување или од некој спој, ако било отворено па од самиот дожд дошло до спој и се запалило. Интервенирано е веднаш и спречено е да се прошири пожарот, посочи Владимир Симоновски.

Од ЕВН велат дека по настанување на пожарот на скопскиот Бит Пазар, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенирале на лице место и ги преземале сите потребни дејствија со цел спречување на појава на нови евентуални опасности и штети.

Стручните лица на Електродистрибуција при интервенцијата констатираа дека пожарот настанал како последица на дефект во внатрешната инсталација, поточно кабли кои се во сопственост на самиот пазар, велат од ЕВН.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This