ГОЛЕМ ПРАЗНИК ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ:Денеска е Свети Василиј, Обрезание Господово, за многу години!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнува три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година. Честит Именден на сите кои празнуваат: Васил, Василка, Васка, Васко, Васе, …


Според еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обpежувано, а притоа му било давано и име. Поради тоа светото семејство на осмиот ден од раѓањето го донесло во храмот новородениот син каде што по извршувањето на овој обред му ставиле име, онака како што им рекол ангелот при јавувањето на Света Дева Марија, Исус (еврејски збор што значи Спасител) и Христос (грчки збор што значи помазан). Во спомен на овој настан светата црква го востановила празникот Обрезание Господово на осмиот ден по Божик – денот на Христовото раѓање.

Овој празник се совпаѓа со празникот на Свети Василиј Велики познат и како Кесариски поради тоа што бил најпознат владика во градот Касарија Кападокиска. Останал како пример за позитивни човекови особини поради што црквата го нарекла Велики.

Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година.

Василица се паѓа во периодот на т.н. Некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓавoлите се мaчеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата Божја. Се верува дека овие денови за човекот се опаcни бидејќи тогаш мpтвите се во движење, разни вампиpи, караkонџули, вештеpки, самoвили и други нечисти cили се активни и на сите начини сакаат да му напакоcтат. За заштита од овие негативни демони човекот во овој период избегнувал некои потешки работи, но изведува и разни магиcки заштитни дејствија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This