ГОЛЕМ РЕЗИЛ ЗА МРТВ: Катица Јанева со нарачани прашања и спремни одговори го изрезили МРТВ и нејзините патрони од Калето!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цела година на фунцкија, потрошени 4 милиони евра, а специјалната обвинителка по мерка на СДСМ, а тренирана со пари на Владата на САД сеуште не научи како да се обраќа пред јавноста, како да зборува, и што треба да каже

 

katica-janeva-intervju

По цела измината година и потрошени 4 милиони евра народни пари, специјалната обвинителка која добиваше и обуки од Владата на САД не успеа да состави три реченици во вечерашното интервју на Македонската телевизија, кое беше претходно снимено, и монтирано со цел да се исфрлат гафовите од нејзината изјава.

Иако СДСМ ветуваше професионализација на МРТВ со инсталирањето на својот партиски уредник, денешното интервју со Катица Јанева беше вистински пример за тоа како изгледа новинарството замислено од опозицијата.
Катица Јанева очигледно немаше капацитет ниту да ги научи на памет прашањата кои самата си ги нарача да и бидат поставени од МТВ. За сето тоа да не изгледа толку скандалозно, како што впрочем и изгледаше, монтажерите во јавниот сервис се „потрудиле“ и секогаш кога Катица Јанева ќе ги ставеше очилата, тие вметнуваа инсерти, тотално неповрзани со разговорот за колку толку да може да биде прикажана како елковентна.

Содржински, онака како што се очекуваше. Катица Јанева не кажа буквално ништо. Ниту збор за тоа каде отидоа милион евра за шест месеци, зошто Верушевски доби слобода, а Талевски притвор и уште серија други прашања.

Меѓу новинарите има единствен став. Денешното интервју на Катица Јанева станува уште една црна дамка и вистински удар врз професионалните стандарди.

Во текот на интервјуто, за целото време беше забележително како Катица чита од нејзината црвена папка во која ги имаше напишано одговорите на претходно договорените прашања, кои иако ги читаше, интервјуто сепак морало да биде монтирано поради гафовите на Катица, на која очигледно и читањето и е послаба страна.

Но, останува отворено прашањето, кој го нарачал интервјуто кога во јавноста нема особен интерес за тоа, кој ги договорил прашањата, и кој и ги напишал одговорите.

Претходно во неколку наврати, пишувавме за улогата на Кристина Каранакова, вработена во Амабасадата на САД како човек за врска помеѓу Амбасадата и правосудните органи во Македонија, поточно координирање на полтиички монтираната хајка против ВМРО-ДПМНЕ заедно со неколку судии и СЈО на Катица.

karanakova_SUD

Знаејќи го ова, останува отворено прашањето, дали токму Каранакова и нејзиниот колега од амбасадата Митко Бурчевски инаку задолжен за односи со јавност, биле двајцата нарачатели на интервјуто во МТВ на Катица Јанева, а по налог на Бејли?

Кој и да бил нарачателот, од интервјуто повторно јасно се виде неспособноста на Катица и елементарното непознавање на правото, дотолку повеќе што денес падна во вода уште една попмепзно најавувана хајка против градоначалникот на општина Битола Владимир Талевски, кој беше ослободен од куќниот притвор поради немање основи за сомнение, како што тврдеше СЈО.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This