ГОЛЕМ СКАНДАЛ: СДСМ со фингиран финансиски извештај, пријавиле дека за реклами и пропаганда потрошиле само 17 илјади евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови сомнежи за тежок финансиски криминал од СДСМ, срамен извештај на владеачката партија за трошоците во периодот од 14.09 до 04.10.2017 година. Во ек на предизборната кампања за локалните избори на 15-ти октомври, СДСМ пријавуваат трошоци од само 40.000 евра, од кои само нешто повеќе од 17.000 евра се пари за кампања и пропаганда. Експертите велат дека доволно е да се излезе на улица и да се види дека овој финансиски извештај е фингиран, пишува порталот Денешен.мк.

Во овој случај станува збор за класична манипулација и кршење на законот, значи само уште една работа плус за полицијата и Јавното обвинителство. Според извештајот кој СДСМ го има пратено во ДИК, вкупните расходи на партијата се 2.598.256 денари, според моменталниот курс на денарот точно 42.122 евра.

Вкупните трошоци на СДСМ во досегашниот тек од кампањата се 1.062.210 денари, или во евра 17.271. Со оглед на силната медиумска кампања која ја тера СДСМ, познавачите на состојбите велат дека оваа сума не може да е ниту блиску до реалната сума на потрошени пари. Експертската јавност вели дека во овој случај се работи за тежок криминал со парите на граѓаните.

Уште посимптоматично станува кога ќе се погледне дека во трошоците за кампања и пропаганда, се пресметани и 768.750 денари, пари кои ги добила Алста-М телевизија, во евра тоа се 12.462.

Значи, од вкупните трошоци кои се 17.200 евра, 12.500 евра се пари кои се одлеале само на сметката на Алсат-М телевизија, со проста математика се доаѓа до бројка дека СДСМ за сите останати потреби во кампањата 4.700 евра.

Експертите велат дека доволно е човек да излезе на улица за да види дека владеачката партија СДСМ, предводена од премиерот на Македонија, Зоран Заев прави големи финансиски малверзации.

Значи СДСМ со 4.700 евра ги плаќа рекламите на телевизија, на интернет порталите, на билбордите низ градовите, на социјалните мрежи, со овие 4.700 евра исто така се испечатени и пропаганден материја како летоци, плакати, програми, маици, упаљачи, пенкала и уште многу други работи кои партијата ги користат во кампања.

Според цените на пазарот за печатење маици, СДСМ за пропаганда и кампања, кога ќе се одбијат парите дадени во Алсат-М, има потрошени колку за 10.000 маици, експертите велат дека ова е срамота. Тие велат дека однесувањето на владеачката партија се повеќе личи како потценување на интелегенцијата на граѓаните.

Доказ дека станува збор за класична манипулација и кршење на законот е и тоа што СДСМ нема ставено никакви трошоци во полињата за рекламирае на телевизија, рекламирање на интернет, рекламирање на радио, нема пари за печатење програми. Експертите велат дека е доволно е да уклучите телевизор, отворите некој портал, пуштите радио во автомобил, за да се потврди дека се работи за криминал од страна на владеачката партија.

Доколку излезете од дома низ град на секој чекор ќе можете да видите билборди и банери од кандидатите за градоначалници од СДСМ, но во финансискиот извештај тој трошок го нема. Инаку цената на еден билборд на фреквентно место во Скопје чини 1.200 евра месечно, а бидејќи на сите фреквентни места можеме да видиме билборди од СДСМ, се поставува прашањето како со 4.700 евра успеале да ги закупат.

Експертите велат дека полицијата мора веднаш да реагира. Меѓутоа велат и дека ако се гледаат досегашните активности на полицијата кога е во прашање сериозното прекршување на изборниот законик, тешко е да се очекува да реагира. Во текот на оваа кампања, досега министерството предводено до потпретседателот на СДСМ премолчува и прогледува за прекршувањата на законот од страна на СДСМ.

Иначе СДСМ во текот на оваа кампања неколку пати го прекрши законот со изборен поткуп, сега и овие документи кои покажуваат дека покрај поткуп партијата прави и големи финансиски малверзации. Познавачите на состојбите велат дека веќе е тешко да се очекува дека овие локални избори ќе може да ги наречеме фер и демократски.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This