April 18, 2024, 12:31 pm

ГОРАНЦИТЕ СЕ ЧИСТИ МАКЕДОНЦИ: Остра осуда од Светскиот Македонски конгрес на изјавата на косовскиот МНР Беџет Пацоли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува изјавата на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли за време неговата официјална посета на Софија, за “бугарското малцинство“ на Косово.

СМК повторува дека на Косово не живеат Бугари! Бугари на Косово може да има само во бугарската амбасада во Приштина!

СМК бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово!

СМК изразува жалење, бидејќи после велепредавството со Договорот Заев-Борисов за ревизија на македонската историја, Софија ја засили својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областите Гора и Жупа на Косово, претставувајќи ги за “Бугари“.

СМК ја осудува бугарската пропаганда во Косово за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“.

СМК и натаму повторува дека Македонците во Косово, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Македонците во Косово никогаш не биле, ниту кога и да е ќе бидат “Бугари“!

СМК апелира Македонската Влада да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во Република Косово!

17 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This