April 19, 2024, 11:54 pm

ГОРАН АНГЕЛОВ Е НЕВИН, СО ЖИВОТ ГО БРАНЕЛ УСТАВНИОТ ПОРЕДОК: Завршни зборови на одбраната на Горан Ангелов-Ќосето за случувањата на 27 април

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителството не само што не го докажа обвинението туку сите посведочивме дека лицето Горанчо Ангелов за ништо не е виновно. Во неговото дејствување нема ниту едно дејство со кое би се направило терористичко загрозување на уставниот поредок и поради тоа, од овој суд барам правда и слобода за мојот штитеник, односно ослободителна пресуда, која би била и единствена исправна за случајот, рече адвокатот на Горанчо Ангелов – Ќосето, Драган Пешевски, во завршните зборови на денешното рочиште за случувањата од 27 април 2017 година во Собранието, пренесува Макфакс.

„Овој човек до мене, Горанчо Ангелов, во своите средни години, не е осудуван, татко е на 3 деца, од кои 2 малолетни, човек што со својот живот го бранел уставниот поредок на РМ, сметате ли дека е терорист?“, запраша Пешевски.

Завршните зборови на адвокатот на Ќосето беа во насока на обвинението, кое неколкупати беше променето од страна на Јавното обвинителство за на крајот да заврши со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Пешевски истакна дека целта на обвинетите не била да го спречат изборот на нов претседател на Собранието бидејќи воопшто не знаеле дека тоа се планира. Според него, обвинетите решиле да преземат дејства бидејќи слушнале дека во парламентот се пее албанската химна.

„Во обвинението стои дека целта била спречување избор за претседател на Собранието. Како може тоа да е вистина кога толпата не знаела дека тоа ќе се случува внатре. Како и да е, јасно е дека изборот за претседател не беше спречен“, рече Пешевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This