ГОРАН АНГЕЛОВ МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА МЛАДЕНОВ: Ти благодарам што ја кажа вистината за тоа кој организирал наcилcтвa на 27.април!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако обвинетиот Стефан Младеновски околу два часа пред судот даваше исказ и раскажа како течеле инструкците пред и за време на настаните од 27 април, прашања му поставуваа и обвинетите, пренесува МКД.мк


Обвинетиот Горанче Ангелов-Ќосето пред да му постави прашања на обвинетиот, му се заблагодари за, како што рече, тоа што ја кажал вистината.

„Ви благодарам за големата храброст да ја кажете вистината. Можеби малку задоцнета, оти 11 месеци сме во притвор, но сепак е голема храброст”, рече обвинетиот Ќосето.

Меѓу прашањата кои тој му ги постави на обвинетиот Младеновски беше и тоа дали „кретените од патриотските здруженија”, како што ги нарекувал Нинџа, биле искористени од УБК. На ова обвинетиот одговори дека констатацијата дека припадниците на патриотските здруженија се кретени била на Нинџа, и додаде дека овие луѓе биле злоупотребени од Нинџа и УБК.

И неколкумина други обвинети му заблагодарија на обвинетиот Младеновски затоа што денес ја кажал вистината која требало да ја знае целата македонска јавност. Обвинетиот Нинџа го праша дали купувале маски за маскенбал и кој ги викнал во „Дион”. На ова обвинетиот Младеновски одговори дека сите кои биле во ресторанот биле викнати од Нинџа.

Тој раскажа дека фантомките кои им биле делени на луѓето ги платил Нинџа, а за тоа било побарано и сметко потврда за да се повратат парите.

Исто како и неговиот брат, Михаил откри шокантна информација, односно дека по упадот во Собранието, кај Жена парк пристигнал Никола Бошковски со службено возило на УБК во кое имало оружје.

-Ми покажа дека има оружје, за кое ми рече дека треба да се подели на луѓе кои имаат искуство со оружје, претежно на поранешни припадници на лавовите. Потребата се гледаше од информацијата дека се упатиле вооружени Албанци. Сепак оружјето не се подели бидејќи стигна информација од Синиша Алексовски, советник на претседателот Ѓорги Иванов, дека претседателот ќе прогласи воена состојба, и дека војници веќе се распоредени, рече Младеновски.

Тој истакна и дека Никола Бошковски, вработен во УБК, му дал задача на Нинџа да ги следи обвинителите од СЈО и Кире Наумов, а се смислувале и други планови за справување со “државните непријатели”, според оцена на тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

“Идеја беше и во воздух да се дигнат автомобилите на Шилегов и на Фрчковски, но до тоа не дојде, рече Младеновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This