Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Трајковски поднесе оставка од директорската функција во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Трајковски во оставката, која во Собранието е доставена во петокот, пишува дека од лични причини си оди од ДЗЛП.

Не сакаше да открие детали зошто година и пол пред да му истече мандатот во ДЗЛП ја напушта функцијата. На наше прашање дали ќе оди на друга функција, Трајковски вели:

– Да почекаме да заврши ова, па ќе видиме.

Тој во оставката се заблагодарува на довербата да биде избран за директор, во како што вели, период кога Македонија се соочувала со тешки повреди на приватноста, намалена доверба на граѓаните во институциите, што било констатирано и од експертите предводени од Рајнхард Прибе.

„Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на личните податоци силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и истите согласно најдобрите европски практики во областа на заштитата на личните податоци знаеме и можеме да ги поставиме согласно европските вредности“, пишува меѓу другото Трајковски во оставката.

Тој ја истакнува поддршката од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

„Верувам дека оваа клима на отворена поддршка и препознавање на значењето на заштитата на личните податоци во време на интензивни информатичко-технолошки развој и поврзување, време кога секој од нас волно или неволно станува граѓанин на светот, Собранието ќе го потврди со час поскоро носење на новиот закон за заштита на личните податоци кој е целосно усогласен со новата Општа регулатива за заштита на личните податоци на ЕУ и со чие носење ќе успееме да останеме во целост усогласени со европското законодавство. Ве молам да ја прифатите мојата оставка“, пишува Трајковски.

Трајковски во времето на владеењето на Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This