Горачинова – Илиева за Царовска: Не знам зошто се прават вакви експерименти во образованието, веројатно се е резултат на повторно на тоа на ниско ниво на образование

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Срамно е со немање на никакво искуство во било кој степен на образованието да стане министер, таков е примерот со нашата сегашна министерка. Јас не знам како таа воопшто се нафати или се амбицира, претходно не знам која била постапката за нејзино доаѓање на оваа позиција, меѓутоа да се нафатиш на таква една сериозна позиција треба пред се да поседуваш многу, многу знаење од соодветната област“, појасни Лидија Горачинова – Илиева, универзитетски професор во своеото гостување во „Што не е јасно“.

Горачинова – Илиева додаде дека реформите во образованието треба да се спроведуваат во еден долг временски период. А, ваквите брзи реформи на Царовска нема да донесат ништо добро во образовниот систем напротив се повеќе ќе се влоши состојбата во образованието.

„Значи министерот кој што ги отпочнал процесите може да ги очекува да ги види резултатите од таа реформа долги години по завршувањето на соодветниот мандат. Не знам зошто се прават вакви експерименти, веројатно се е резултат на повторно на тоа на ниско ниво на образование“, рече Горачинова – Илиева.

Горачинова – Илиева посочи дека не може повеќе предмети да се спакуваат во еден предмет, така не се намалува бројот на предмети кои треба учениците да ги изучуваат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This