ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА НА ФЕЈСБУК: Кацарска сака да ме породи во судница – закажани 8 судења во терминот за породување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Гордана Јанкулоска, обвинета во случајот „Тенк“ за набавка на мерцедесот, попладнево се пожали дека судијката Добрила Кацарска сака да ја породи во судница, бидејќи и закажала 8 датуми за судење кои се во периодот помеѓу 38 и 42 недела од нејзината бременост, а двата датуми биле и 2 недели над последниот датум планиран за раѓање.

Реакцијата на Јанкулоска е по денешното одлагање на „Тенк“ каде што нејзе и се суди во раздвоена постапка, а на кое судење не се појави. Адвокатите објаснија дека е во болница поради влошена здравствена состојба, а судијката Кацарска нареди да се донесе целата медицинска документација, која ќе ја испрати до Клиниката за гинекологија во Скопје, кои треба да извештачат во кој месец од бременоста е Јанкулоска и дали навистина не може да го следи судењето.

Еве дел од статусот на Јанкулоска, објавен на нејзиниот ФБ профил:

-Адвокатите ме информираа дека на рочиштето за Тенк што беше предвидено за денес, додека бев во болница на преглед и примав терапија, за што до судот беше доставена медицинска документација, заедно со документацијата за уредно отворено задолжително породилно отсуство (кое според закон задолжително се отвара меѓу 45 и 28 дена пред породување), судијата Кацарска наредила да ми направат вештачење за да се утврди состојбата во која се наоѓам т.е. да ме прегледа доктор што таа дополнително ќе го определи за да констатира дали и покрај обемната медицинска документација и препораките од докторите за ризиците за детето, во последните недели од деветион месец од бременоста навистина сум спречена да ги следам долготрајните рочишта кои се одвиваат во отежнати услови и на високи температури. Исто така адвокатите ме информираа дека се закажани 8 дополнителни термини за рочишта на 13,14,29 јуни и 4,5,9,12 и 14 јули т.е за периодот помеѓу 38 и 42 недела од бременоста, односно 2 недели после крајниот термин за породување.

Адвокатите исто така ми пренесоа дека ставот на судијата е дека ако во меѓувреме се породам а не се донесе пресуда, најдоцна 40 дена по породувањето судењето морало да продолжи без оглед што по Законот кој го регулира породилното отсуство, јас и да сакам не можам да го прекинам пред да изминат 45 дена од раѓањето на детето. Но сега не можам да се оптоварувам со ефикасноста на реформираното судство, во овој момент најважно ми е да се потрудам сето ова да не влијае на здравјето на детето -напиша Јанкулоска.

Таа ги критикува сите меѓунардони организации и министерката за социјала кои до сега воделе кампањи за правата на жените и децата.

-Дојде живот, нема веќе потреба од проекти на УСАИД за правна заштита на правата на жените, од осмомартовски маршеви за правата на жените организирани од Платформата за родова еднаквост, ниту потреба од организирање на вечери на женските права од страна на UN Woman и Институтот за човекови права. Изгледа ова е тој “неопходен пресврт, како што доликува на една демократска Европска земја“ за кој зборуваше министерката Царовска по повод 8 март и “ова се конкретните дела за надминување на родовата нееднаквост и борбата против насилството врз жените“. Очигледно ова е производ на секојдневната работа на Владата “на исправање на неправдите и унапредување на правата на жените во Македонија“, за кои зборуваше ЗПВРМ Шеќеринска на 8 мартовскиот марш во Куманово.

Во постапката за набавка на мерцедесот веќе е донесена пресуда за Никола Груевски кој беше осуден на 2 години затвор и за Ѓоко Поповски кој е осуден на 6,5 години затвор.

Против Гордана Јанкулоска се водат постапки и во другите предмети на СЈО, каде што се очекува да се донесат решенија за раздвојување на постапките поради нејзината бременост.

 

Извор
Сведок.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This